Македонија

Панчевски за куќниот притвор на Груби: Ако не, и негувателка, обезбедување и „мајбах“ да му дадеме

Експретседателот на скопскиот Кривичен суд со жестока реакција за одлуката на Обвинителството за бегалецот од правдата

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, со жестока реакција за одлуката на Основното јавно обвинителство Скопје да го прифати барањето на одбраната за домашен притвор на бегалецот од македонската правда и бивш вицепремиер Артан Груби.

„МАКЕДОНИЈА ДРЖАВА СО ДВОЈНИ СТАНДАРДИ!

Јас бев претседател на најголемиот Кривичен суд во државава, бев шеф на судскиот Оддел за организиран криминал, а како судија во тој оддел судев тешки криминалци, да не ги набројувам …
Во Шутка ме ставаа и вадеа по налог на Зоран Заев три пати и ниту еднаш не побарав заштита или се повикав на мојата сигурност и безбедност!!!
ОД НАРОДОТ ЛИ СЕ ПЛАШИ АРТАН ГРУБИ???
НАРОДОТ ЛИ Е КРИМИНАЛЕЦ ИЛИ ТОЈ?!
Ако не и негувателка, обезбедување и возило мајбах да му дадеме за проневерени милијарди на товар на граѓаните!
В.Д обвинителката денес ја изгнаси својата обвинителска тога, после ова таа ли ќе биде Државен обвинител???“, напиша на Фејсбук единствениот одбиен кандидат за нов државен јавен обвинител од Советот на јавни обвинители.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top