Македонија

Пари за повисоки плати, пензии, капитални инвестиции – изгласан ребалансот на Буџетот

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази благодарност до пратениците за конструктивната расправа, која уште еднаш покажа дека сите работиме во интерес на граѓаните и стабилноста на економијата.

„Ребалансот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите“ кажа министерката.

Со усвојувањето на ребалансот се овозможува реалокација на средства меѓу буџетските корисници во согласност со актуелните приоритети, како и дополнително финансирање на проекти кои имаат забрзана динамика на реализација и носат значајни придобивки за развојот на земјата. Во оваа насока, се обезбедени дополнителни средства за области како што се животната средина, енергетиката, културата, образованието и здравството, со посебен акцент на набавка на инсулин и медицинска опрема.

Исто така, преку ребалансот се обезбедени и средства за зголемување на платите за вработените во Министерството за внатрешни работи, како и средства за исплата на зголемените пензии преку Фондот за ПИОМ. Министерката истакна дека економската проекција за раст останува на 3,7%, што се темели на досегашните остварувања и се очекува да биде поддржана од инвестициите, кои се главен двигател на економијата.

Ребалансот исто така ја потврдува заложбата за стабилност на домашната економија преку поддршка на домашните компании преку евтини кредити, реализација на општински инфраструктурни проекти, како и имплементација на инвестициски циклуси и проекти со стратешките партнери, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Во состав на ребалансот, предвидени се дополнителни 800 милиони денари за зголемување на плати, 2,5 милијарди денари за исплата на зголемени пензии, нови 300 милиони денари за капитални проекти. Исто така, се вклучени и амандманите усвоени во Комисијата за финансирање и буџет, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за инфраструктурни проекти, социјални надоместоци и образовни програми.

Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

„Секоја ставка во овој ребаланс е заснована на реална потреба и на анализа на ефектите. Тоа не се трошоци, туку инвестиции во општествена стабилност, човечки капитал и инфраструктура,“ рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи и дека инфлацијата и ценовните притисоци се сериозен предизвик, но дека државата одговорила со јасни и навремени мерки.

„Во услови на инфлаторен удар, не заостанавме со ниту една обврска кон граѓаните. Пензиите, платите и социјалните трансфери се исплаќаат навремено. Тоа е одговорност, не популизам“, подвлече таа.

Во однос на обвинувањата за „предизборен подкуп“, министерката истакна дека ребалансот е дел од редовна фискална постапка која одговара на реалната економска слика.

Најнови вести од: Македонија

Нови можности за локалниот бизнис – Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Скопје

Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се презентираат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку, како што наведуваат, транспарентна, фер и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

Високото образование треба да создава стручни луѓе, а државата да бара отчетност од универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За лажна работна виза за Германија тетовка му платила 3 илјади евра на сограѓанин, потоа „испарил“!

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство

Средба Перински – Варнс: Стратегиското партнерство со САД е врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Потврдена е заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратегиското партнерство меѓу двете држави

Груби на распит во обвинителството – се товари за криминал „тежок“ 8 милиони евра

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Најнови вести

To top