Македонија

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

 

Законодавниот дом денеска гласа за заменик-министри за одбрана и образование со што се очекува премиерот да ја комплетира владата, пополнувајќи ги испразнетите места во двете министерства.

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за образование.

Ова е втора кадровска промена оваа година, откако позициите што му припаѓаа на Изет Меџити (Вицепоремиер и министер за животна средина) беа пополнети од Беким Сали и Мухамед Хоџа.

Најнови вести од: Македонија

To top