Македонија

Пет активни пожари, еден под контрола

Дваесет и пет пожари се изгаснати- информира Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Пет пожари се активни, а еден е под контрола од регистрираните 31 пожар на отворен простор до 7.30 часот утринава. Дваесет и пет пожари се изгаснати- информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, во правец на Преслап во општина Зелениково гори мешана шума, а во општина Сарај – во село Копаница, со проширување кон село Радуша ниска вегетација и шума. Над село Нежилово, кај местото викано сватови Сватови, гори ниска вегетација и единечни дрва, во село Копанце во општина Јегуновце мешана шума, а во прилепското село Црнилиште ниска вегетација и шума.

Под контрола е пожарот во општините Гостивар и Македонски Брод – село Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), а во кој се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати пожари:
Општина Бутел – бул. „Македонска бригада“, ниска вегетација;
Општина Бутел – с. Љуботен, ѓубре;
Општина Сарај – с. Паничари, нискостеблеста вегетација;
Општина Струмица – с. Банско, дива депонија;
Општина Струмица – с. Баница, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, депонија и ниска вегетација;
Општина Василево – с. Чанаклија, дворно место;
Општина Василево – с. Моноспитово, ниска вегетација;
Општина Охрид – селата Велмеј и Брежани, ниска вегетација;
Општина Пласница – с. Дворци, дива депонија;
Општина Македонски Брод – с. Девич, ниска вегетација;
Општина Прилеп – над Касарната во Прилеп, дива депонија и ниска вегетација;
Општина Прилеп – кај Старите гробишта во Прилеп, ниска вегетација;
Општина Прилеп – атарот на с. Смолани, ниска вегетација;
Општина Крушево – селата Норово и Алданци, ниска вегетација;
Општина Берово – с. Будинарци, нискостеблеста вегетација;
Општина Делчево – с. Црквенец, ниска вегетација;
Општина Делчево – депонија, ѓубре;
Општина Штип – во близина на ТППЕ Штип, мини депонија;
Општина Штип – кај супермаркетот „Елкос“, м.в. Диви градби, депонија;
Општина Брвеница – с. Милетино, стрниште;
Општина Тетово – с. Мала Речица, ниска вегетација;
Општина Тетово – с. Фалише, ниска вегетација;
Општина Теарце – с. Непроштено, дива депонија;
Општина Гостивар – с. Лопушник и с. Беловиште, ѓубре и шума.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

To top