Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од пожарите во Грција

Македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари,

Во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи, велат од МНР

Од Министерството повторно апелираа до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Помош може да се побара и преку дежурните телефони на Конзулатот на Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Од Министерството ги повикуваат македонските државјани во погодените региони внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат сите упатства и препораки на надлежните локални власти.

МНР: Следете ги упатствата на локалните власти на Халкидики

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top