Македонија

МНР: Следете ги упатствата на локалните власти на Халкидики

Македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун сè уште нема официјална информација од грчките институции за бројот на евакуирани македонски државјани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

Поради силен шумски пожар, мораа да бидат евакуирани две места на грчкиот полуостров Халкидики кои се многу популарни меѓу туристите. Засегнати беа околу 250 жители на Сивири и Фурка, како и туристи, кои во четвртокот (13.08) со чамци преку морето беа пренесени на безбедно.

„Апелираме до нашите државјани – се вели во соопштението од МНР – кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република  Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти“, соопшти Министерството.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top