,,Многу е важно како постапуваат институциите и тоа е пример како треба да постапуваат институциите особено во делот на извршната власт. Нормално си е обезбеден бегалецов Груби и оставаме судската власт, јавно обвинителската власт да си ја заврши работата онака како што е во секоја европска држава“, рече Петрушевски.
Тој истакна дека неспорен факт е дека Артан Груби ја извршувал функцијата вицепремиер во владата на СДС, при што денес стравот на партијата произлегува од можните сознанија кои тој би можел да ги открие. „,Но од фактите не можеме да избегаме. Факт е дека вицепремиер беше Артан Груби во време на СДС, факт е дека криминалите ги правеше во време додека беше вицепремиер, факт е дека СДС молчеше и не смееше ниту името да му го спомене, а камо ли да му поднесе кривична пријава, како што направила оваа Влада или па да го стави во обвинителни клупи.“ – посочи Петрушевски.
Тој додаде: ,,Најголемиот проблем за СДС е што знае Груби. И што ќе каже Груби во обвинителството, и кој од нив, сите кои што биле со него во владата, ќе седне до него на обвинителна клупа. Тука им е на нив стравот и тука им е на нив паниката и хистеријата и јавувањето на Заев после 5 години, и се она кое што се случува. Затоа што Артан Груби, како прв вицепремиер, ги има сите информации за криминалите кои што ги правела претходната влада на СДС“.