Македонија

По 5.000 денари за секое новороденче во општина Бутел

Еднократен надомест

Општина Бутел обезбеди средства за еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Бутел, во износ од 5.000 денари.

Градоначалникот, Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари.

-Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1, соопштија од Општина Бутел.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top