Македонија

По 5 месеци без плата – нема да перат чаршафи на Клинички

Во знак на револт дека од декември не земале плата, вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, прекинаа со работа, објави „Канал 5“. „…Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени од пералната за телевизијата. Од јануари 2024 година, со пералната […]

Во знак на револт дека од декември не земале плата, вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, прекинаа со работа, објави „Канал 5“.

„…Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени од пералната за телевизијата.

Од јануари 2024 година, со пералната управува приватната фирма „СкопСтер“ од каде велат дека е точно дека се доцни со платите и дека ги разбираат вработените, но и дека причината за проблемот е тоа што Службата за општи и заеднички работи не им го плаќа надоместокот кој им го должи според договорот.

„Службата за општи и заеднички работи треба да ни плаќа надомест – нешто кое доцни повеќе од половина година. Ние како компанија имаме исплатено плати за сите вработени заклучно со 31.12.2024 година, а за остатокот правиме напори да го финансираме од сопствени средства“, велат во изјава од компанијата „СкопСтер“ за „Канал 5“.

Од Службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар велат дека ѝ исплатиле на фирмата повисока сума пари во декември и дека со тоа биле задоволени потребите за исплата на платите и здравственото осигурување на вработените во пералната.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, вели дека веднаш ќе се разгледа и ќе се реши овој проблем.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top