Македонија

По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави „СМАРТ/МК 2030“ – новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии, прв сеопфатен план за дигитален развој по осум години.

facebook.com/andonovskis

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави „СМАРТ/МК 2030“ – новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии, прв сеопфатен план за дигитален развој по осум години.

Овој документ служи како патоказ за дигиталната иднина на Македонија, усогласен со европските стандарди од Дигиталната декада 2030 и локалните потреби. Како земја кандидат за ЕУ, стратегијата ги следи четирите клучни цели на Европската дигитална агенда до 2030:

  • Дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти;
  • Безбедна и поврзана инфраструктура;
  • Дигитализирани јавни услуги;
  • Дигитално интегрирани бизниси.

Според Андоновски, стратегијата ја зајакнува институционалната соработка со ЕУ, овозможува пристап до европски програми, финансиска поддршка и техничка помош, правејќи ја Македонија активен партнер во европската дигитална заедница.

Стратегијата е резултат на инклузивен процес со десетици јавни расправи, онлајн консултации и вклучување на над 300 експерти од институции, стопански комори, НВО, универзитети и ИКТ секторот. Сите препораки и приоритети се базирани на консензус за обединување на општествените сектори.

Претставена е со Акциски план за имплементација, фокусиран на конкретни чекори, јасни индикатори и континуирана евалуација.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top