Македонија

По изборите ќе следува расчистување во судството и обвинителството

Нема, дополни тој, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на расчистување во судството и во обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н. „црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.

Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори.

Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори.

– Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интересираат само привилегиите од власта, а нив ги интересира и криминалот од власта – рече Николоски.

Нема, дополни тој, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н. црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори.

– Тоа е фокус број еден по завршување на изборите – нагласи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top