Македонија

По полноќ дизелот поскап за 6,5 , бензините по 4,5 денари

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од утре ќе чини 98 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,85 проценти.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар.

Со покачувањето, кеа стапува во сила вечерва во 01 часот по поноќ, литар 95-октански бензин ќе се продава по максимална цена од 91,50 денари, додека 98-октанскиот бензин ќе чини најмногу 93,50 денари.

Нај поскапува дизелот, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чија цена се зголемува за 6,50 денари за литар и и ќе чини 98 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 6 денари и неговата максимална малопродажна цена ќе изнесува 98,50 денари за литар.

Кај мазутот, зголемувањето е 0,188 денари за килограм, па новата максимална цена ќе изнесува 43,726 денари за килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека поскапувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

РКЕ информира дека продолжува примената на намалена акциза од 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и намалена акциза од 4 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top