Македонија

По првпат целосна евиденција: Во Македонија работат 32.383 здравствени работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја објави првата целосна дигитална евиденција на медицинскиот кадар во земјата: вкупно 32.383 вработени лица во јавното и приватното здравство.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја објави првата целосна дигитална евиденција на медицинскиот кадар во земјата: вкупно 32.383 вработени лица во јавното и приватното здравство.

Од нив, 18.536 се вработени во јавните здравствени установи, додека 13.847 работат во приватниот сектор. Во приватното здравство 9.040 се лекари, а останатите 4.807 се друг медицински и немедицински персонал.

Во јавното здравство на секундарно и терциерно ниво работат 4.746 лекари и соработници и 7.003 медицински сестри.

„Од денеска конечно ќе можеме во реално време да го следиме движењето на човечките ресурси во здравството – вработувања, пензионирања, специјализации, префрлања меѓу установи. Оваа база на податоци ќе ни овозможи кадрите да ги насочуваме таму каде што се најпотребни, без задоцнување од месеци“, изјави министерот Алиу.

Тој, сепак, потенцираше загрижувачка реалност: Македонија има двојно помалку лекари и медицински сестри на 100.000 жители од европскиот просек, што останува еден од најголемите структурни предизвици на здравствениот систем.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top