Македонија

Полицијата одзеде возило од жител од Корошишта, кој имал забрана да вози во времетраење од 4 месеци

Против возачот ќе биде поднесена и соодветна пријава.

– На 5 февруари 2026 година, во 09.25 часот, при контрола во сообраќајот извршена на регионален пат во близина на струшкото село Драслајца, полициските службеници сопреле патнички автомобил у„Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 33-годишно лице од селото Корошишта.

– Притоа, било констатирано дека тој, возилото го управувал иако претходно му била изречена санкција забрана на управување со моторно возило од Б-категорија во времетраење од 4 месеци. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Најнови вести

To top