Македонија

Поранешен припадник на МВР, кој бил обезбедување на Џес Бејли, соработник на Данела и близок на уредникот на „Инфомакс“ е приведен

Настанот се случил на денот кога се одржа рочиште за случајот со насилен упад во редакцијата на Инфомакс за време на подкаст во живо.

Попладнево во Скопје полициски службеници го отстраниле од сообраќај возилото „Мерцедес“ управувано од Ниневски Н., поранешен припадник на Шестата управа во МВР.

Возилото било регистрирано на име на компанијата на Александар Митовски, главен уредник на порталот Инфомакс.мк.

По пензионрањето, обезбедувачот работел за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а бил во блиски семејни односи со сопственикот на Инфомакс.

Кај возачот била пронајдена рамка од пиштол, по што тој е приведен во полициската станица Беко, каде што до доцна вечерва давал исказ.

Според информациите од извори во полицијата, Ниневски Н. е поранешен припадник на Шестата управа при МВР, кој бил дел од обезбедувањето на поранешниот американски амбасадор Џес Бејли. По пензионрањето, работел како обезбедување за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а е во блиски семејни односи со сопственикот на Инфомакс.

Настанот се случил на денот кога се одржа рочиште за случајот со насилен упад во редакцијата на Инфомакс за време на подкаст во живо.

„Денес имавме рочиште за напаѓачот врз „Инфомакс“, бевме сите таму, истиот беше осуден. Тенденцијата против нас е јасна, друго немам што да искоментирам“ – изјави Митовски за Радио Лидер.

Судот оцени дека со инцидентот била загрозена безбедноста на новинарите и правото на јавноста да биде информирана, но изрече условна казна поради здравствената состојба на обвинетиот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top