Македонија

Пожар остави денеска 47.000 корисници без сруја во Скопје

Од Центарот за управување со кризи – Скопје (РЦУК), информираат дека од околу 12:00 часот, екипи на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) гасат запалена сува трева и отпаден материјал на поголема неутврдена површина во кругот на депонијата Вардариште. Во гаснењето моментално учествуваат седум противпожарни возила и најмалку дваесет пожарникари,  јави Плуцинфо. „Поради опасноста од зафаќање […]

Од Центарот за управување со кризи – Скопје (РЦУК), информираат дека од околу 12:00 часот, екипи на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) гасат запалена сува трева и отпаден материјал на поголема неутврдена површина во кругот на депонијата Вардариште. Во гаснењето моментално учествуваат седум противпожарни возила и најмалку дваесет пожарникари,  јави Плуцинфо.

„Поради опасноста од зафаќање на трафостаници и електрични водови, струјата е превентивно исклучена, а поголемиот дел од Општина Аеродром е без електрична енергија“, соопштуваат од РЦУК.

Од Електродистрибуција информираа дека по барање на Противпожарната бригада, нивни екипи веднаш интервенирале на терен и ги исклучиле од напон трафостаниците „Скопје 4 – Аеродром” и „Скопје 4 – Исток”.

Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија“, соопштуваат од компанијата.

Без струја се жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и Маџари, Хиподром, Стајковци, Инџиково и Јурумлери. Напонот ќе биде повторно воспоставен веднаш по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и дека пожарот е целосно изгаснат.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top