Скопските пожарникари ѝ се приклучија на хуманитарната акција за помош на повредениот полициски службеник Стефан Петрушевски, кому му е потребно лекување во специјализирана медицинска установа во странство.
Стефан, кој е многу почитуван меѓу пожарникарите, сопруг и татко на едногодишно дете, тешко го повредил ‘рбетот по струен удар и пад од височина, поради што има потреба од третман за респираторно закрепнување, физикална терапија и интензивна терапија.
Телефоните за донирање за лекувањето на младиот полицаец се 143-125 на Телеком и 143 483 на А1, а банкарските сметки се подолу:
