Македонија

Пожарот на Готен изгаснат: Заминуваат словенечките пожарникари

Пред заминување, словенечките пожарникари ја посетија и улицата „Жан Кофол“, именувана во 2021 година по загинатиот словенечки пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите во Берово, а подоцна го загуби животот во сообраќајна несреќа во Словенија.

Пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна, објави дсиректорот на ДЗС, Стојанче Ангелов..

„Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници.

Ангелов најави дека утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.

„За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината“, вели Ангелов.

На градскиот стадион во Берово вчера се одржа завршна средба по повод успешно завршената интервенција на словенечките и македонските пожарникари на планината Готен.

Во рамки на посетата, словенечките пожарникари ја посетија и улицата „Жан Кофол“, именувана во 2021 година по загинатиот словенечки пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите во Берово, а подоцна го загуби животот во сообраќајна несреќа во Словенија.

Словенечките пожарникари дојдоа во земјава откако беше побарана меѓународна помош во гаснење на пожарите.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top