Македонија

„Правда за Фатон Љури“: Протест во Скопје за пресудата за мотоциклистот што го прегази Југослав

Демонстрантите обвинија за селективна правда и за престрога осуда од 11 години затвор за убиецот на 68-годишниот Николовски

Под паролата „Правда за Фатон Љури. НЕ селективно судење“ и со извиците „Нема правда, нема мир“, група граѓани денеска протестираа пред Киривичниот суд во Скопје против 11-годишната затворска казна за мотоциклистот што го прегази скопјанецот Југослав Николовски на пешачката патека зад Владата.

Протестот почна пред паркот во Чаир, а заврши пред Судот, кадешто демонстрантите го искажаа своето незадоволство од пресудата за Љури, кој управувајќи мотоцикл без возачка дозвола летоска го усмрти 68-годишниот Николовски.

Судијката во пресудата напиша дека, иако за ова дело затворските казни се пониски, зачестиле сообраќајките со жртви, па пресудата за Љури испратила порака дека таквиот начин на управување моторни возила е недозволен.

„Зошто да се казнува 24-годишпно младо момче, кога не сакајќи се случило. Утредента може да ни се случи на сите. Па, имало пример и порано вакви случаи, кога била досудена минимална казна, како во случајот на Бобан Илиќ, што го има убиено детето четиригодишно (Алмир од Куманово – н.с.). До кога ќе биде оваа неправда кон нас во оваа држава?“, праша Фатмир Јашари, еден од тие што протестираа пред Судот.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top