Македонија

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

„Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат, порачаа по повод денешниот голем празник од владејачката партија.

„Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас.

Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина. Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре. Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас.

Нека е честит 8 Септември, денот на независноста“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top