Македонија

Прегазениот срндак на патот Кичево – Демир Хисар им подлегна на повредите

И покрај напорите на ветеринарите од Битола, животното угина од обилното крварење во абдоменот од ударот со возило вчера

Срндакот што вчера настрада на патот Кичево – Демир Хисар, денеска им подлегна на повредите од ударот од возило и покрај сите обиди на тимот ветеринари од Битола да му го спасат животот.

Со огромна тага и жал ве информираме дека денес срндакот Мартин подлегна на повредите и не напушти… Доцна попладнево, по влошување на здравствената состојба и повредите во абдоменот, веднаш беше пренесен во хируршка сала, кадешто ветеринарниот тим веднаш пристапи кон животоспасувачка мисија, но поради тешките повреди и крварење во абдоменот како резултат од ударот, по долгата реанимација и борба да го вратат во живот и стабилизираат, лекар од тимот прогласи смрт

Ова е тешка болка, која активистите ја доживуваат секојдневно со мачиња и кучиња, Мартин стана познат срнак за кој многу од вас упатија поддршка, помош и убави зборови, ви благодариме од срце на сите кои што го следевте случајот и кои сакавте да помогнете, но за жал не успеавме“, објави на Фејсбук битолското друштво за заштита на животните „Анимал војс“.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top