Македонија

Приведена позната босанска пејачка во Кичево

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од БиХ била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без соодветна работна дозвола.

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од БиХ била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без соодветна работна дозвола.

За време на засилената контрола во угостителските објекти долж патот Кичево-Охрид, припадници на Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад влегле во локал каде токму тогаш настапувала дваесетитрогодишната ѕвезда од Босна и Херцеговина. Заедно со неа биле затекнати и членовите на бендот – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на БиХ.

Според официјалното соопштение на СВР Охрид, младите уметници настапувале без претходно издадена работна дозвола, со што го прекршиле Законот за странци.

По утврдувањето на прекршокот, целата група е приведена, а против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево. Настапот што требаше да биде ноќ за паметење за публиката, за младите музичари заврши со сосема поинакво сеќавање.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top