Македонија

Променливо време со повремени врнежи од дожд

Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Денеска во Република Македонија времето ќе биде нестабилно, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на одделни места и засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 7 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со можност за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 2 степени, а максималната до 10 степени.

Во наредните денови, под влијание на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи.

Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Ветерот ќе остане умерен до засилен од јужен правец, а температурите ќе продолжат да растат – особено утринските, кои насекаде ќе бидат над нулата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top