Македонија

Пронајдени коски и парче облека во Скопско, полицијата истражува

Во месноста „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, Скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top