Македонија Свет

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

Димоска во разговор за Македонската информативна агенција – МИА појаснува дека аналоген астронаут е високо квалификуван професионалец кој учествува во високо реалистични симулации на вселенски мисии на Земјата, наменети за тестирање на технологии, оперативни протоколи и човечки перформанси пред нивна примена во вистински вселенски услови, во орбита, на Месечината или при идни мисии кон Марс.


Овие мисии се одвиваат во екстремни и изолирани средини и вклучуваат спроведување на EVA процедури, научни експерименти, следење на физичка и психолошка издржливост на екипажот, како и тестирање на донесување одлуки под висок оперативен притисок. Според Димоска, аналогните мисии претставуваат клучен дел од подготовката за човечко присуство надвор од Земјата и придонесуваат кон зголемена безбедност, ефикасност и доверливост на системите пред нивно воведување во реални вселенски програми.

– Аналогните мисии се клучни затоа што овозможуваат безбедно тестирање на ситуации што во вистинска мисија би можеле да бидат животно загрозувачки, додава Димоска.

Пат полн со пречки – но и со истрајност


Нејзиниот пат не започнал со „трасирана патека“ – напротив, како што посочува, со о тоа што доаѓа од Македонија, земја која нема национална вселенска агенција, на почетокот значи отсуство на институционална поддршка, инфраструктура и јасни патишта за вклучување во меѓународниот вселенски сектор. – Доаѓам од мала земја без национална вселенска агенција, што значи дека ништо не беше однапред дефинирано. Мораше сама да ги градам врските, знаењето и сопствената патека, вели таа.

Димоска посочува дека нејзиниот пат започнал од љубопитноста кон науката, инженерството и прашањето како човекот функционира во екстремни услови, а се развивал низ години на посветена работа и специјализирана едукација. Во тој процес, таа има завршено низа професионални програми и тренинзи, меѓу кои нуркачка NAUI обука во Германија, Analog Mission Training во Austrian Space Forum, како и NASTAR обуки и сертификација за човечки вселенски лет. Денес таа е Senior NASTAR амбасадор и NAUI сертифициран нуркач. Паралелно, поседува формално образование како инженер на материјали и нанотехнологии на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, магистерски студии по вселенски науки на International Space University во Франција, како и постдипломски студии по комерцијални вселенски науки на Florida Institute of Technology во САД.

– Паралелно со студиите и тренинзите, јас морав и да работам за да се издржувам. Тоа значеше значително поголем стрес, хроничен недостиг од одмор и постојана потреба сè што ќе заработев да го реинвестирам во сопствениот пат. За разлика од многу мои колеги, кои имаа стипендии и институционална поддршка од нивните национални вселенски агенции, стабилен животен баланс и простор за неформален нетворкинг, професионални настани и социјални активности што дополнително ја забрзуваат кариерата, јас морав да функционирам без таа мрежа на поддршка. Фактот дека бев целосно самофинансирана и постојано „растегната“ меѓу обврските, неизбежно создаваше и одредени предрасуди. Не секогаш бев перципирана на ист начин како колегите со институционална позадина, што дополнително го отежнуваше процесот на градење доверба. Мојата мотивација отсекогаш беше да покажам дека со дисциплина, знаење и истрајност може да се пробие и од помала земја, додава Димоска.

Димовска ја основа Граѓанско-научната космичка агенција на Македонија (ГНКА) – модел кој ја заменува улогата на државна вселенска агенција

И покрај тоа што веќе работи на меѓународно ниво, Димоска останува посветена на идејата да развие домашна научна инфраструктура. – Сакам Македонија да ја добие првата современа опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, поставена во Западна Македонија. Место каде секој млад човек ќе биде добредојден, вели таа.


Нејзината работа преку International Space Alliance (ISA) веќе донесе конкретни резултати. Еден од нив е проектот „A small patch for man, a big one for our history books“, преку кој македонско знаменце ја премина Кармановата линија со летот на Blue Origin во 2024 година.

Димоска е дел од тимот што ја има основано Граѓанско-научната космичка агенција на Македонија (ГНКА) – модел кој ја заменува улогата на државната агенција што недостига. Објаснува дека таа не е државна институција, туку граѓански и научно заснован одговор на јазот што постои.

Нов почеток во САД – и нови вселенски можности

Неодамна, таа доби EB-1A зелена карта, позната и како „Ајнштајнова виза“, која се доделува на лица со исклучителни достигнувања. Таа пред скоро време се преселила во Калифорнија и во овој период нејзин приоритет е целосно да се интегрира во американскиот вселенски сектор и да продолжи со работата што нејзиниот тим веќе ја гради. Иако поседува зелена карта, таа посочува дека сè уште нема право да аплицира на голем дел од огласите за директно вработување во NASA, кај NASA контракторите, па дури и во приватниот сегмент на вселенската индустрија, во компании како SpaceX, бидејќи државјанството на САД е задолжителен услов. Овој услов важи низ многу слоеви, од програмите за практиканти во NASA па се до астронаутските позиции. Во меѓувреме, таа е професионално ангажирана како консултант и соработува со институции кои стратешки соработуваат со NASA, со фокус на Human Spaceflight.


На младите кои сонуваат за кариера во вселенската индустрија им порачува да инвестираат во знаење и да бидат многу трпеливи, да аплицираат, да учат, да градат мрежи и да не дозволат географијата да им ги ограничи соништата. Како што вели, да не чекаат „дозвола“, признание или валидација од луѓе кои никогаш не го поминале патот по кој тие сакаат да чекорат. Таа во разговор за МИА објаснува дека патот е долг, тежок и исполнет со неизвесности, но возможен.

– Ги очекуваат години пожртвуваност, неизвесност и многу работа без големи признанија. Наместо „сјаен“ живот, реалноста најчесто подразбира постојано реинвестирање и учење да се живее за мали, но значајни победи. Ако се истрајни и несебични, ќе имаат можност, и покрај сите препреки, достојно да се претстават себеси и, доколку тоа го изберат од лична одговорност, да ја претстават и државата од која доаѓаат во најдобро можно светло, иако на тој пат никогаш не добиле институционална поддршка, вели таа.

Димоска потенцира дека таа и понатаму лично одбира да се залага за својата земја и, пред сè, да ја одржува врската и континуираната релација со Македонија – особено за оние малкумина што со сериозност и доверба пристапиле кон нејзе и нејзините соништа и им ја укажале честа да чекорат по истиот, исклучително трнлив и неизвесен пат.

Македонска информативна агенција  – МИА

Фото: приватна архива на Мартина Димоска

Најнови вести од: Македонија Свет

Во Прилеп вечерва почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од загинувањето на десетте прилепски резервисти на АРМ кај Карпалак

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, вечерва од 18 часот ќе започнат чествувањата по повод 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој на 8 август 2001 година загинаа десет прилепски бранители.

Момче од Македонија скршило вратен пршлен по пад од тобоган во Турција, со владин авион ќе биде вратенo назад

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.

Манасиевски, ВМРО ДПМНЕ: „Децата на Македонија“ на Филипче се дилери на дрога и насилници, пратени да прават инциденти во Ново Село!

„Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село!“ – портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски денеска се огласи со ова обвинувања кон лидерот на СДС Венко Филипче, наведувајќи дека лицата, кои тој вчера во Ново Село ги нарече „деца“, се осудени насилници и трговци со дрога. Манасиевски оцени дека Филипче со својата прес-конференција се обидел да го сврти вниманието од вистината и лицата со кои бил фотографиран да ги претстави како жртви.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Споменикот „Мајка Македонија“ ги симболизира потеклото, татковината и историскиот и културен идентитет на македонскиот народ

Иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и Србија

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

To top