Македонија

Првпат во историјата: Скопје ќе има буџет создаден од граѓаните

Скопје влегува во нова ера на управување: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека буџетот за 2026 година ќе биде првиот во историјата на главниот град создаден со вистинска, а не декларативна партиципација на граѓаните, бизнисот и јавниот сектор.

Скопје влегува во нова ера на управување: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека буџетот за 2026 година ќе биде првиот во историјата на главниот град создаден со вистинска, а не декларативна партиципација на граѓаните, бизнисот и јавниот сектор. Наместо во затворени кабинети, иднината на градот ќе се крои на отворено – со секој скопјанец како потенцијален соавтор.

„Транспарентноста отсекогаш била моја водилка. Затоа годинава го отвораме процесот на изработка на буџетот за 2026 година заедно со вас, граѓаните, невладиниот сектор и бизнис заедницата. Вашите потреби и идеи ќе бидат основата на овој документ“ – порача Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје велат дека буџетот повеќе нема да биде само сува табела со бројки, туку жив документ – огледало на реалните потреби и соништа на скопјани. Во него ќе се вградени приоритетните капитални проекти, новите зелени коридори, спортските и културните содржини, како и сите оние мали и големи работи што го прават градот поубав и подостоинствен за живот.

„Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Само со заедничка визија и мудро планирање можеме да изградиме силно и достоинствено Скопје“ – додаде градоначалникот.

Процесот е веќе отворен. Сите предлози, идеи и забелешки се добредојдени на официјалната мејл-адреса: gradskibudzet2026@skopje.gov.mk.

Вратата е ширум отворена. Скопје чека на вашиот глас.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top