Македонија

Првпат во Македонија: Ласерска интервенција за аблација на варикозни вени достапна за пациентите

Здравствен систем

Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која овозможува минимално инвазивен пристап и поставува нови стандарди во третманот на ова често здравствено заболување. Целата интервенција во процедурата за аблација на варикозни вени се изведува со ласер BioLitec и овозможува порамномерно и нежно третирање на варикозни вени.

Првите интервенции со овој апарат во поликлиниката Вита С во Скопје ги изведе Прим. д-р Игор Костов, субспецијалист васкуларен хирург, лекар со долгогодишно искуство во областа на васкуларната хирургија а во иднина ќе ги изведува и доц. д-р Никола Граматниковски. Со оваа врвна технологија, пациентите добиваат безбедна и прецизна интервенција која во најголем број случаи се изведува амбулантски, со минимална болка и со извонредни резултати.

Ласерската аблација претставува врв на современототретирање на варикозни вени. Наместо класичен хируршки засек и долга хоспитализација, новата технологија овозможува затворање на заболениот крвен сад со ласерски зрак, што значително го намалува ризикот од компликации и обезбедува побрзо враќање кон секојдневните активности. За пациентите тоа значи не само подобрување на здравјето, туку и подобар квалитет на живот, без големи лузни, без долг период на опоравување и со видливи естетски придобивки.

Досега, македонските пациенти беа приморани да патуваат во Белград, Словенија или Турција за да добијат ваков вид интервенција. Со воведувањето на апаратот на компанијата Biolitec, Македонија за првпат станува дел од европската медицинска мапа каде се изведува овој третман. Тоа значи огромно олеснување и за пациентите и за нивните семејства – пристап до квалитетна здравствена услуга дома, без дополнителни финансиски и логистички трошоци.

Со воведувањето на овој апарат, македонското здравство прави значаен исчекор кон модернизација и усогласување со светските медицински трендови. Пациентите конечно имаат можност да добијат третман по највисоки стандарди на светската медицина, овде, во сопствената земја.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top