Македонија

Радарите не простуваат, 1.576 прекршоци за седум дена

Засилените контроли се спроведувале низ Македонија во рамките на европската операција „Спид“. Полицијата особено ги контролирала патиштата и локациите каде што брзото возење носи зголемен ризик од сообраќајни незгоди.

Дури 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина открила сообраќајната полиција за само седум дена. Контролите се спроведувале од 3 до 9 август во рамките на засилената акција за брзо возење. Акцијата била дел од „ROADPOL Operation Speed“, координирана европска операција во која учествуваат сообраќајните полиции на земјите членки на РОАДПОЛ.

Полициските службеници континуирано ја мереле брзината на возилата. Посебно внимание било насочено кон патиштата и локациите каде што анализите покажуваат зголемен ризик од сообраќајни незгоди поради несоодветна брзина. Од МВР велат дека акцијата е дел од активностите за намалување на бројот и на последиците од сообраќајните незгоди.

Контролите треба да придонесат и за поголема дисциплина и за побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

To top