Македонија

Радев до Македонија: Не сакаме граници и гранични премини, ама ништо без Бугари во Уставот

Бугарите како државотворен народ во Македонија е условот за старт на преговори со ЕУ, според експретседателот на источниот сосед

Донеодамнешниот бугарски претседател Румен Радев по кој знае кој пат ја повтори мантрата за Бугари во Уставот како услов за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, овојпат филувана со желба да немало граници ни гранични премини меѓу двете земји и луѓето слободно да комуницирале меѓусебе.

Првиот човек на источниот македонскиот сосед од 2017 до 2026 година во интервју за германскиот весник „Берлинер цајтунг“ напомна дека „во согласност со Европскиот консензус (Францускиот предлог – н.з.) од јули 2022 година, РСМ треба да си го промени Уставот и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите државотворни народи и само тогаш можат да започнат преговорите за членство во ЕУ“.

„Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ што е можно поскоро во ЕУ. Не сакаме граници и гранични премини, сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно“, порача Радев.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top