Македонија

Рамадани: Не ја давам општина Брвеница по ниедна цена, ќе го заштитам секој нејзин жител?!

Се наметнува голема дилема: кому Хаќим Рамадани „нема да му ја даде општина Брвеница по ниедна цена“, од кого и за кого „ќе го заштител секој нејзин жител“?! Каква „лошотија“,  или „опасност“, наводно, им се „заканува“ на жителите на Брвеница, па да морало ете, токму тој да ги „заштитува“?! Во својата објава на фејсбук Хаќим Рамадани се обидува да се „покрие“, па „великодушно“ се нуди дека ќе ги „заштитува“ не само Албанците, туку и „Македонците и други народи, што живеат во општина Брвеница“. Но, етничката интонација на оваа порака преку општествената мрежа, земајќи ги предвид и другите негови изјави во изминативе денови, многу јасно одразува што сака попрво да каже тој. Рамадани веќе порача најотворено дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“!

„Не ја давам општината по ниедна цена, ќе го заштитам секој нејзин жител! Честа, моралот и достоинството вредат повеќе од која било јавна позиција.“ –  напиша вечерва на својот фејсбук-профил Хаќим Рамадани, кандидатот на Вреди за претседател на општина Брвеница, откако Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, најави дека Рамадани ќе биде разрешен по изборите од функцијата, која ја извршува моментно – директор на државниот инспектоат за локална самоуправа. Повиците за етничко гласање на Албанците на Рамадани Мицкоски го означи како „себичен потег, кој им штети на другите кандидати на Вреди.“

Кандидатот на Коалицијата Вреди за градоначалник на Брвеница Хаќим Рамадани изминативе неколку дена беше во Хамбург, Германија, но и во Швајцарија, во Цирих, каде што заедно со својот противкандидат од ДУИ Енвер Пајазити побараа гласови за „Албанците да победеле на локалните избори во Македонија“. Ова објави Рамадани веќе го напиша на својот профил на фејсбук. Тој потврдува дека соработува со ДУИ со цел да се победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Јовица Илиевски. Рамадани нагласува дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“ и оти „Албанец мора да ги води општините како што се Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде што се Албанците мнозинство.“

Вечерва, на 26 октомври, Рамадани  преку фејсбук дополнително им се обрати на Албанците, жители на Брвеница, кои живеат и работат во Австрија, „сите масовно да се мобилизираат во овие решавачки денови, за да биде убедлива и сеопфатна победата во ноември“.

Вчера тој ги извести преку општествената мрежа Албанците од селата од општина Брвеница, кои живеат и работат во Норвешка, дека за денес вечерва во 18 часот се организира патување, заради гласањето на 2 ноември. „Се организира масовна мобилизација на албанската дијаспора, бидејќи без нејзиното гласање општина Брвеница ниту може да се освои, ниту да се задржи. Брвеница треба да се врати во рацете на мнозинството, кое живее и работи таму.“ – изнесе Рамадани на фејсбук.

Во изминатите два дена тој и објавуваше своите обраќања директно од Хамбург, од Германија, и од Цирих, од Швајцарија, каде што престојуваше, заради директно повикување и организирање на албанската дијаспора да дојде во Македонија, во општина Брвеница, и да гласа за него како кандидат за градоначалник.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Одбележани 25 години од нападот на полициската станица во Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Одборот на бранители на Македонија во тетовско Теарце организираше комеморативен собир со цел да се одбележат 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при терористички напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top