Македонија

„Рацете подалеку од албанскиот јазик!“ – му се заканува ли Адеми од ДУИ на претседателот на Уставниот суд Костадиновски?!

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми реагираше по интервјуто на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, обвинувајќи го за, како што вели,„ манипулации и намера за укинување на клучни одредби од Законот за јазиците“. Ова го објави ТВ 21.

Натаму телевизијата истакнува: Адеми во својата реакција истакнува дека „единствениот што манипулира во овој случај е Дарко Костадиновски“, додавајќи дека „со неговите изјави само се потврдува намерата за оспорување на делови од законот“. „И во неговата последна изјава вечерва тој призна дека некои одредби од Законот за јазиците биле ‘проблематични’ од уставен аспект. Ова само ја потврдува неговата намера за укинување на клучни одредби од законот“, наведува Адеми.

Тој оценува дека наместо да се занимава со тоа како, според него, во јавноста протекол интерен материјал од Уставниот суд, Костадиновски треба да објасни зошто се бара укинување на 18 законски одредби, и покрај тоа што, како што вели, Уставот веќе ја утврдува употребата на јазиците како законска материја. „Зошто не се откажат од рефератот кој има цел институционално уназадување на правата на албанскиот јазик? Планот го знаеме и тој нема да помине“, додава Адеми, завршувајќи со порака: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“.

Од друга страна, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во истото гостување во „Клик Плус“, ги отфрли обвинувањата на Адеми дека се работи за „масакрирање“ на албанскиот јазик во Уставниот суд, оценувајќи ги како „чиста манипулација“. „Не знам од каде му е рефератот, но како и да е, не станува збор за никакво масакрирање на албанскиот јазик. Повеќе пати сум истакнал дека никој нема да го чепне албанскиот јазик. Тој е уставна категорија, така како што е уреден со Уставот“, изјави Костадиновски.

Тој додаде дека Законот за јазиците има цел да ја доуреди и дооперационализира неговата употреба во институциите и оти во пракса ја проширува неговата примена во повеќе области, објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top