Македонија

Регулаторна му се заблагодари на Бислимоски за соработката – тој ќе остане на функцијата уште некое време

Регулаторната комисја за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад преку писмено сооштение потврди дека претседателот Марко Бислимоски утрово го известил Собранието дека поднесува оствака од функцијата претседател на РКЕ.

Регулаторната комисија за енергетика согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, соопшти дека сѐ додека не се донесе одлука за престанок на функцијата претседател на РКЕ, Марко Бислимоски ќе ја извршува функцијата. Тој денеска поднесе оставка. Бислимоски ја извршуваше функцијата претседател на РКЕ речиси осум години.

  • Бислимоски денеска го извести Собранието на Македонија дека поднесува оставка од функцијата. РКЕ ќе продолжи да функционира и да ги извршува надлежностите и обврските кои ги има согласно Законот за енергетика – наведува Регулаторната комисија и додава дека вработените и членовите во РКЕ јавно му се заблагодаруваат за долгогодишната соработка.

Управата за финансиска полиција (УФП) пред две недели поднесе кривична пријава против Бислимоски под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Бислимоски, според УФП, не постапил според Законот за енергетиката и не ѝ ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и таа е одземена дури во април 2025 годин, што ѝ овозможило на компанијата во тој период да оствари промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од речиси 229.000 евра.

Бислимоски потоа на прес-конференција рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top