„За енергенсите увозно сме зависни како држава и не можеме да бидеме отпорни на тие светски текови, посебно погодени од војната во Иран, меѓутоа сè уште не е алармантна состојбата, нема простор за загриженост во овие моменти“, рече тој.
Ристески не очекува поголеми потреси во однос на цената на нафтата, но оценува дека состојбата се следи и оти државата ќе реагира, ако има потреба. „Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи… Успеавме со одредени мерки и одлуки во минатиот период да се справиме. Работиме на среднорочна и долгорочна стратегија во однос на стабилизирање на цените, доведување на инфлацијата на степен кој ќе биде ист како инфлацијата во ЕУ. Тоа успеваме досега да го направиме, ја смиривме инфлацијата, рече Ристески.
Тој потсети како беше во време на претходната Влада. „Со едни неприродни мерки, интервенции во економијата. Бевме европски рекордер во инфлација и квартално, но и годишно имавме над 15% инфлација. Сега е смирена инфлацијата на 4%. Има позитивни сигнали и сметаме дека доколку воениот конфликт се заврши што побрзо и понатаму трендот на опаѓање на цените ќе биде во Македонија и инфлацијата ќе ја доведеме до проектираната 2,5-3%“, рече заменик-министерот.
Со грешните политики на претходната Влада, вели Ристески, ние на Балканот бевме синоним за извоз, посебно на храна – зеленчик, овошје, млеко…
На прашањето дали македонската Влада е подготвена за она што може да се случи во иднина, Ристески одговара: „Да, подготвени сме, имаме капацитет. Имавме повеќе предизвици во минатиот период. Не само овој предизвик туку и другите сме подготвени да ги дочекаме спремни, со реална и предвидлива политика, а не турбулентна. Предвидливоста во економијата дава и добри резултати“.