Македонија

Ристовска вели дека работењето во ДКСК го извршувала законито, совесно и со најдобра намера

По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, образложи Ристовска во оставката

Цвета Ристовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијатаденеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата.

„Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, образложи Ристовска во оставката.

Вели дека во текот на целата нејзина професионална кариера, додава таа, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршувала законито, совесно и со најдобра намера.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет. На Државната комисија за спречување на корупцијата ѝ посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес“, пишува Ристовска во оставката до Гаши.

Антикорупциската комисија деновиве отвори два предмети за Ристовска – за проверка на судир на интереси и за непријавување имот. Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. Вториот предмет е поради тоа што во нејзиниот анкетен лист таа не пријавила дека двајцата синови имаат маркетинг фирми.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top