Македонија

Роберт Саздов и Јован Јованов бараат 100 илјади евра од Зоран Ванев

Јавноста треба да биде запознаена дека погореопишаните клеветнички наводи се искажани од ниски побуди и од одмаздничка природа, се вели во демантот

Случајот меѓу музичарите Роберт Саздов, Јован Јованов и пејачот Зоран Ванев ќе се решава на суд, откако е поведена постапка за клевета и навреда со која се бара отштета од 6.200.000 денари (околу 100.000 евра). Тужбата уследи по јавните обвинувања на Ванев за наводни финансиски малверзации и местење на фестивалот „Макфест“, кои одбраната на Саздов и Јованов ги отфрли како целосно неточни и мотивирани од лична одмазда бидејќи неговата песна била одбиена на конкурсот.

Во обвинувањата од страна на Зоран Ванев преку во јавни објави на 11 и 12 август изнесе сериозни тврдења на сметка на Саздов и Јованов според кои имало
економски криминал и ненаменско трошење на парите на фестивалот, лажирање на гласовите од телефонското гласање и местење на државните субвенции.

Преку својот адвокат Јанаки Митровски, двајцата музичари поднесоа тужба за граѓанска одговорност и посочија дека наводите се целосно неточни и непоткрепени со ниту еден доказ и притоа објавуваат јавен демант.

,,Целокупните тврдења содржат квалификацини кои не се ни малку несериозни и оставаат особено лоша слика за популарни музичари како што се нашите властодавци, кои својата егзистенција ја обезбедуваат преку музиката, а нивниот углед и репутација се од неминовно значење, па затоа ваквите наводи и обвинувања може да имаат особено негативно влијание врз нивната чест. Дополнително, при изнесување на наводите на фејсбук профилот навидум се споменуваат некакви материјални докази но, она што е неспорно е дека самата објава не располага со никаков доказ што упатува на тоа дека клеветничките тврдења се вистинити.

Бидејќи овие невистинити наводи нанесуваат сериозна штета на честа и угледот на овие двајца реномирани и долгогодишно афирмирани музичари, како и значителна нематеријална штета, покренавме постапка за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда и надомест на штета поради нарушена чест и углед, со парично побарување од вкупно 6.200.000,00 денари.

Најостро ги демантираме сите наводи искажани во споменатите објави како неточни, клеветнички и со јасна интенција да се наштети на реномето на признатите музички работници Робертино Саздов и Јован Јованов.

Јавноста треба да биде запознаена дека погореопишаните клеветнички наводи се искажани од ниски побуди и од одмаздничка природа, единствено поради фактот да песната на Зоран Ванев со која аплицирал за учество во познатиот фестивал МАКФЕСТ, била одбиена. Од наведените причини сосема основано се јавува прашањето: дали доколку песната на Зоран Ванев била примена, тој имал намера да учествува во фестивал раководен од лица за кои тврди дека се одговорни за создавање на „затворени кланови“ и кои според него фестивалот МАКФЕСТ го претвориле во „евтина плејбек манифестација“?

Со оглед да сите тврдења на лицето Зоран Ванев се непокрепени и без ниту еден доказ, како и имајќи ја предвид желбата на истиот да учествува во познатиот фестивал МАКФЕСТ, била одбиена. Од наведените причини сосема основано се јавува прашањето: дали доколку песната на Зоран Ванев била примена, тој имал намера да учествува во фестивал раководен од лица за кои тврди дека се одговорни за создавање на „затворени кланови“ и кои според него фестивалот МАКФЕСТ го претвориле во „евтина плејбек манифестација“, се вели во демантот и најавата за тужба

Нападот според нив е резултат на лична одмазда, откако композицијата на Ванев била одбиена на јавниот конкурс за годинашното издание на „Макфест“.
Се отвора прашањето дали Ванев воопшто ќе реагираше за регуларноста на правилата доколку неговата песна беше прифатена.

Поврзана вест

Повеќе не постоиш за мене – Закани и обвинувања на маргините на познатата македонска манифестација

Повеќе не постоиш за мене – Роберт Саздов со порака до Билјана Крнческа

Најнови вести од: Македонија

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top