Македонија

Се евакуира уште една група македонски државјани од Блискиот Исток

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот зафатен од војна, со кои се превезени вкупно 458 патници

Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска.

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски државјани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет.

„Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република С. Македонија во Абу Даби“, наведе Амбасадата.

Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти – Амбасада на Република  Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top