Македонија

Се евакуираат Македонци од Обединетите Арапски Емирати

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија синоќа соопшти дека македонската амбасада во Абу Даби во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на чартер летови за евакуација на македонските државјани.

Повикани се сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а кои досега не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на телефонскиот број +971 56 441 7532 или на е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

  • „Безбедноста на македонските државјани останува наш највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни чекори и услови за безбедна реализација на евакуацијата“, соопшти МНР.

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

Аргументите се различни – од тоа дека во земјите каде престојуваат засега се чувствуваат безбедно, до образложенија дека не би сакале да ги остават работните места за кои вложиле напор да ги добијат. Делумно финансирани операции Евакуацијата е во фокусот на земјите во ЕУ, кои ќе имаат и делумно финансирани операции за репатријација од кризните подрачја.

  • „ЕУ почна да им помага на земјите-членки да евакуираат дел од нивните граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток“, изјави за АФП еврокомесарката за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, Хаџа Лабиб.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top