Македонија

Се излеа река – затворен патот Удово-Валандово

Затворањето на патниот правец е поради излевање на Калковска Река на коловозот

Патниот правец од Удово за Валандово од утринава од 05:25 часот е затворен за сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Затворањето на патниот правец е поради излевање на Калковска Река на коловозот.

Сообраќајот од оваа делница, како што велат од АМСМ, се пренасочува на патниот правец од селото Марвинци кон Валандово.

Од АМСМ информираат и дека поради магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека.

На останатите патишта од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На некои повисоки места на коловозите има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top