Македонија

Се проширува истрагата за убиствата, за кои се сомничи Т.Б. дека ги извршил како можен сериски убиец – Му се заканува казна доживотен затвор

„Се проширува за уште едно убиство истрагата против овчарот Т.Б. од село Малотино, општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство. Ќе се ископува телото на друга жена.“ – изјави обвинителот Љубомир Лапе.

-Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно со Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство, за кое е предвидена доживотна казна затвор, изјави тој по денешната средба со новинарите во врска со овој предмет.

По докажувањето на убиството со давење на првата жртва на 25-годишниот Т.Б. од кумановското село Млатино, Јавното обвинителство во Куманово ја прошири истрагата под сомневање за уште едно свирепо дело. „Меѓу 16 и 17 јануари, тој влегол во домот на жртвата и со удари по главата ја усмртил 35-годишната жена. Форензичките траги потврдија дека убиството е извршено од истото лице“, изјави обвинителот Љубомир Лапе. Станува збор за Марија Маринковска (35) од Куманово. Т.Б. е осомничен дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари, на точно неутврден датум, во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп и подмолен начин ја убил 78-годишната Мира С. 

Издадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот, како и за проверка на можна вмешаност на други лица, иако засега Бојковски е единствениот осомничен. „Засега нема точна бројка на евентуални жртви. Нема потреба да се создава паника кај населението, особено кај повозрасните граѓани. Опасност од овој обвинет повеќе нема, бидејќи тој е во притвор“, посочи обвинителот Лапе. Обвинителката на Куманово, Теута Рамадани, истакна дека истрагата започнала по пријавата на преживеаната жртва, по што се трага по претходни случаи. Тоа е 83-годишната Слободанка Арсовска од Куманово која пред 6 месеци успеала да се спаси од убиецот. Мотивот на сторителот сè уште не е утврден. Се чека наоди од повеќе стручни лица кои треба да извршат вештачење и да достават извештај за неговата психичка состојба. Сторителот во моментов е во изолација ќелија во кумановскиот затвор „К’шање“.

 

Истрагата продолжува, особено во насока на потврдување на сомнежите дека притворениот е сериски убиец. Оваа истрага ќе трае, особено ако тоа се потврд.  Се испитуваат и околностите како лекарите не согледале насилна смрт кај жртвите на осомничениот. Одбраната на семејствата Маринковски и на 78-годишната Мира С., Александар Симоновски од Куманово, вели дека  за помладата жртва е констатирано е дека починала од природна смрт, но сега со вештачењето се покажува дека имала повреди.

-МВР доби наредба да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци, сите можни настани врз основа на кои ние понатаму ќе утврдуваме што е пријавено, кој постапил, кој не постапил, додека немаме увид во сите овие материјали не можеме да зборуваме, изјави обвинителот.

Жртвите и преживеаната се од ист регион. Според обвинителството, засега нема докази дека станува збор за сексуално насилство. Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираа претходно од СВР Куманово, биле поднесени и кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top