Македонија

Седница на Националниот совет за идните мерки и проекти од Националната развојна стратегија

Целта на НРС е зајакнување на конкурентноста на економијата преку функционален и иновативен екосистем, усовршување на вештините, вклученоста и отпорноста на граѓаните

На 23 декември Националниот совет ќе ја одржи четвртата седница за спроведувањето на Националната развојна стратегија 2024-2044.

Четириесет и четири заклучоци се произлезени од 11 состаноци на Работниот комитет во рамки на Националната развојна стратегија.

Од октомври минатата година, до сега, биле опфатени прашања од областа на безбедноста во сообраќајот, внатрешната безбедносна политика, владеењето на правото, дигитализација, енергетика, локален и регионален развој, миграциските прашања, надворешната политика и трговија, економија, патна и железничка инфраструктура, како и управувањето со вонредните состојби, брифираат од Владата.

Донесените мерки, активности, како и потребата од законски измени за одредени прашања, продолжуваат до Националниот совет, во кој има над 40 членови од институциите, бизнис секторот, невладините организации, како и експерти од наставно-научната фела, а со кој претседава премиерот.

На досега одржаните три седници на Советот, се утврдуваат следните чекори, а во насока на постигнување на целта на Националната развојна стратегија, визија за развој на државата која ќе ја следи и реформската агенда на патот кон Европската Унија.

Степенот на реализација на досегашните мерки е во различна фаза, а еден од проектите кои произлегле од НРС е и неодамна промовираниот Ресурсен центар за поддршка на локалниот развој. Веќе на почеток на идната година, се планира да започне и проектот за Е-апостил печат, како дел од утврдените проекти.

На nrs.mk, секој може да го следи спроведувањето на проектите, но и да даде свој придонес со идеи.

Целта на НРС е зајакнување на конкурентноста на економијата преку функционален и иновативен екосистем, усовршување на вештините, вклученоста и отпорноста на граѓаните. Целите на НРС ќе се остваруваат преку шест стратешки области: Одржлива, иновативна и конкурентна економија, Одржлив локален и регионален развој, Демографска ревитализација, социјален и културен развој, Сигурно, безбедно и отпорно општество, Владеење на правото и добро управување и Зелена трансформација.

Националната развојна стратегија 2024-2044 е документ на кој пет години работеле околу 200 експерти од разни области. Донесен е во октомври 2024 година, во Собранието со поддршка на сите политички чинители.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top