Македонија

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за денеска во 11 часот закажа седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, поради сомнежите за незаконско прислушување од страна на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за денеска во 11 часот закажа седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, поради сомнежите за незаконско прислушување од страна на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година.

Според информациите од собраниската прес-служба од вчера, седницата ќе ја води пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Ова доаѓа по повикот на пратеникот Љупчо Пренџов, член на Комисијата за надзор над АНБ и АР, упатен до претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи од Европскиот фронт, за свикување итна седница. Реџепи, пак, изјави дека додека е претседател и дискриминиран, нема да закаже таква седница.

– Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, изјави Пренџов.

Пренџов нагласи дека овие настани предизвикале голема вознемиреност кај јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите одговорни за националната безбедност.

– Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Реџепи, од друга страна, истакна дека не може да присуствува на седница каде се разгледуваат класифицирани информации бидејќи сè уште нема добиено одговор на барањето за безбедносен сертификат, поднесено во ноември или декември минатата година.

– Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација, истакна Реџепи.

Тој додаде дека претседателот на Собранието има овластување да свика седница на Комисијата.

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top