Македонија

Сега Дехари стана непријател на мојата фамилија!

Познатиот фудбалер Мергим Дани реагираше остро на социјалните мрежи откако излегоа во публичноста скандалозни аудио снимки, во кои тој тврди дека Фатмир Дехари фрлил тешки навреди кон неговата сестра

facebook.com/gimi.dani

Познатиот фудбалер Мергим Дани реагираше остро на социјалните мрежи откако излегоа во публичноста скандалозни аудио снимки, во кои тој тврди дека Фатмир Дехари фрлил тешки навреди кон неговата сестра. Во пораката, тој инсистира дека ова не е политички инцидент, туку прашање на семејна чест и морални вредности.

-Иако на спортистите не им прилега да пишуваат за политика, ова е мојата прва објава. Но ова повеќе не е политичко прашање, туку семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце, напиша тој.

Во продолжение, тој истакнува дека неговото семејство има значајна улога во историјата и прогресот на државата, и дека таквите омаловажувања се недозволени од било кого.

-Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја и не може да биде понижувано со навредливи зборови од никого, а уште помалку од некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство, порача фудбалерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top