Македонија

Секој четврти граѓанин на Македонија верува дека таа никогаш нема да влезе во ЕУ

Македонскиот евроскептицизам го „шие“ тој во регионот, кадешто 17 отсто граѓани не очекуваат прием на нивната земја во Унијата

Четвртина од граѓаните на Македонија или точно 25 проценти веруваат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар 2025“ на Советот за регионална соработка (RCC).

Според ова истражување, 21 процент од испитаниците во земјата очекуваат членство во ЕУ до 2035 година, 11 отсто до 2040 година, а 15 отсто се пооптимистични и веруваат дека тоа ќе се случи до 2030 година. За 11 проценти, членството ќе се случи по 2040 година, а 13 отсто не знаат или не дале одговор.

И покрај скептицизмот за членството, поддршката останува висока поради економските очекувања – на ниво на Западен Балкан таа се зголеми на 64 проценти, во споредба со 54 отсто во 2024 година. Највисока поддршка е регистрирана во Албанија од 86 проценти и во Косово од 78 отсто.

Општо земено, во регионот бројот на оние кои мислат дека проширувањето „никогаш нема да се случи“ се намалува (од 18 на 17 проценти), а оптимизмот дека ова би можело да се случи до 2030 или 2035 година се зголемува.

Главните прашања што ги загрижуваат граѓаните во 2025 година остануваат цените и инфлацијата (66 проценти), општата економска состојба (44 проценти) и корупцијата (35 проценти).

Недовербата поради историски прашања (38 проценти) и националистичката политика (37 проценти) се идентификувани како главни пречки за регионална соработка.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top