Македонија

Села „ја мерка“ фотелјата на Мерко во Струга

Шефот на крилото на Алијанса за Албанците дел од Европскиот фронт, Зијадин Села рече дека барањата на неговата партија треба да се третираат со достоинство и меѓусебно почитување во контекст на одредувањето на кандидатите за градоначалници на локалните избори. Села вели дека разговорите продолжуваат во рамките на коалицијата, но дека според него, природно е неговата […]

Шефот на крилото на Алијанса за Албанците дел од Европскиот фронт, Зијадин Села рече дека барањата на неговата партија треба да се третираат со достоинство и меѓусебно почитување во контекст на одредувањето на кандидатите за градоначалници на локалните избори.

Села вели дека разговорите продолжуваат во рамките на коалицијата, но дека според него, природно е неговата АА да дадд кандидат за градоначалник на Струга.

„Секако дека Струга треба да припаѓа на АА и за ова не треба ни да се дискутира, бидејќи во спротивно какво значење би имала Алијанса во рамките на Фронтот.

Затоа, за ова не се ни дискутира, но ние сме во процес, бидејќи Европскиот фронт, покрај оваа димензија, има и друга димензија, одбрана на некои каузи што повторно се појавија. Барањата треба да се третираат со достоинство, бидејќи коалициите функционираат таму каде што има третман со почит и меѓусебно достоинство“, вели Села.

Зијадин Села беше градоначалник на Струга како како избор на Демократската партија на Албанците -ДПА по локалните во 2013-та година.

Тој ја напушти функцијата за да стане пратеник во Собранието.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top