Македонија

Шабани: Огромното мнозинство од младите во РМ воопшто не се заинтересирани за темите, за кои зборува Али Ахмети, „доживотниот цар на ДУИ“!

„Без нови личности и визија, ДУИ се изложува на опасност да остане во опозиција долго време. Конгресот на ДУИ произведе незадоволство, а не реформи. Лошото во врска со Конгресот на ДУИ е тоа што не со замина Али Ахмети, кој е главниот виновник за поразот на ДУИ на локалните избори одржани во октомври. А тој сака да остане цар, самовладетел во ДУИ до својата смрт! Огромното мнозинство од младите луѓе во земјата, особено оние родени по Охридскиот договор, воопшто не се заинтересирани за темите за кои зборува Али Ахмети.“ – се нагласува во анализата, која е објавена во весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, Косово со наслов „Поделба во ДУИ по изборот на раководството на Конгресот“.

Во анализата натаму се наведува: На 20 декември се одржа Петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција, кој имаше за цел да воведе реформи во партијата и да ги освежи раководните структури. На овој конгрес Али Ахмети беше изрбан повторно како претседател, Арбер Адеми беше назначен како генерален секретар, а Неби Реџепи како организациски секретар. Бујар Османи беше избран како прв потпретседател, а како други потпретседатели се именувани  Фатон Ахмети од Тетово, Еркан Арифи од огранокот во Липково, Арбана Пашоли од Дебар и Арта Билали-Зендели од огранокот во Гостивар.

По завршувањето на конгресот уследија критички реакции од познати партиски личности. Валмир Азири, поранешен државен секретар за култура и функционер на ДУИ во Тетово, ја доведе во прашање искреноста на најавените реформи, додека Абдул Селам Селами од Општина Чаир изрази незадоволство, поради начинот како беше организиран конгресот. Политичките аналитичари изнесоа уште поостри критики. Според нив, конгресот не ги донесе ветените реформи, туку само замена на личности и формална ротација. Критиките по конгресот покажуваат поделба во партијата и ја истакнуваат потребата за длабока преобразба и вклучување нови личности, за да се поврзе подобро ДУИ со очекувањата на младите и поширокото гласачко тело.

Шабани: Без фундаментални промени, ДУИ ќе остане надвор од владата

Политичкиот налитичар Амир Шабани изјави дека 5-тиот Конгрес на ДУИ не ги донесе ветените реформи, туку само замена на личности. „Овој Конгрес имаше за цел да донесе партиски и политички реформи, но не се случи ништо повеќе од замена на некои  личности, кои беа активни во минатото. Како политичка организација, што произлезе од војната во 2001 година и остана на власт повеќе од две децении, ДУИ е длабоко вмешана во криминал и корупција, во изборни манипулации, непотизам, роднинство во државната администрација и во богатење од нелегални тендери. Од нивниот партиски конгрес избувнаа внатрешни судири, откако некои незадоволни луѓе сметаа дека проценките на Али Ахмети се неправедни и немеритократски, незасновани врз заслуги. Оваа ситуација во ДУИ му дава многу право на Изет Меџити, политички лидер кој во минатото, поради слични незадоволства, ја напушти ДУИ и го продолжи своето политичко патување надвор од оваа партија.“ – нагласи Амир Шабани.

Според него, Ахмети продолжува да размислува со истата логика како пред повеќе од 20 години и денес зборува за застарени теми, без простор за нови идеи. „Можности за подлабоки реформи во ДУИ ќе се создадат кога целата стара група на личности ќе се замени со нови луѓе, кои ќе понудат нова програма и визија за таа политичка партија. Во спротивно Али Ахмети ќе остане монарх, самовладетел на ДУИ до смртта, а тоа воопшто не е демократски чин.“ – посочува Шабани.

Тој посебно нагласува дека младите луѓе, особено оние, родени по Охридскиот договор, не се заинтересирани за темите на Ахмети, туку за подобри услови за живот, вработување, образование, здравство и деполитизирани институции. „Огромното мнозинство од младите луѓе во земјата, особено оние родени по Охридскиот договор, воопшто не се заинтересирани за темите за кои зборува Али Ахмети. Граѓаните генерално очекуваат политичките лидери да им понудат подобри услови за живот, финансиска и социјална стабилност, квалитетно образование, можности за работа, деполитизација на институциите, квалитетна здравствена заштита итн. Фолклоризмот на ДУИ му  припаѓа на минатото. Немањето креативност, соодветна програма и тоа што новите личности немаат пристап на политичката сцена – ова се некои од причините зошто ДУИ сега е во опозиција и ако овој нивен говор продолжи, ќе останат во опозиција подолг временски период.“ – укажува Амир Шабани

Мехази го критикува Конгресот на ДУИ: Али Ахмети требаше да си замине

Политичкиот аналитичар Сулејман Мехази нагласи дека Петтиот Конгрес на ДУИ не успеал затоа што не донел вистински промени, туку само формална ротација. Според него, блиските луѓе на Ахмети привремено се повлекле во втор план, додека на сцената се појавиле нови личности, но и тие поврзани со Артан Груби и на иста политичка линија како Али Ахмети.

„Петтиот конгрес на ДУИ не успеа, затоа што не го направи она што требаше да го направи, туку само направи формална ротација со замена на старите членови со нови членови на партијата. Старите членови, или блиските пријатели на Али Ахмети, намерно одлучија привремено да се сокријат зад политичката завеса на ДУИ, отстапувајќи место за нови членови, но со мислите и постапките на Али Ахмети. Ова беше политичката тактика на Али Ахмети: на челото ќе бидат генерацијата и пријателите на пријателите на Артан Груби, предводени од Бујар Оосмани, Арбер Адеми и другите, додека во политичката заднина ќе заминат првата генерација на ДУИ, или пријателите на Али Ахмети:  Муса Џафери, Блерим Беџети, Талат Џафери, Теута Арифи и другите.“ – укажува Мехази.

Мехази спомена дека по Конгресот на ДУИ избувнало незадоволство кај членовите, исклучени од централното раководство, особено кај оние, што биле против повторниот избор на Ахмети и кругот на Артан Груби. „Лошото во врска со Конгресот на ДУИ е тоа што не со замина Али Ахмети, кој е главниот виновник за поразот на ДУИ на локалните избори одржани во октомври.“ – посочи Мехази, објави „Бота сот“.

Најнови вести од: Македонија

Доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, оти ја убил мајка си со нож во август 2025

На познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, во јавноста познат како „Грофот“, денеска му е изречена казна доживотен затвор за кривичното дело „убиство“ на неговата 84-годишна мајка, Марија Заркова. Пресудата ја донесе кривичниот судски совет, со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип.

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага за трошењето на парите во згаснатото СЈО

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“: кој го нарача обидот да биде убиен и зошто?

Утре во Филозозофскиот факултет во Скопје ќе биде одржана научна и стручна конференција на тема „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија“. Како што истакнуваат од одборот за одржување на конференцијата, таа би требало да даде одговори на четири најважни прашања: (1) кои беа причините и мотивите за атентатот? (2) кои се можните нарачатели и извршители? (3) дали можеше да биде спречен атентатот и зошто не беше? (4) зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?

To top