Македонија

Шефот на германската дипломатија вечерва на средба со Мицкоски и Муцунски

Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и тоа го потврдува турнејата на министерот Јохан Вадефул

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.

Вадефул ја почна тридневната турнеја во неделата од Сараево, а вчера беше во посета на Белград . Претходно тој ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, а во Скопје доаѓа од Приштина.

Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува турнејата на Вадефул.

Фокусот на посетата, како што е наведено, ќе биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, а меѓу темите на дискусија ќе бидат реформите и регионалната стабилност и соработка.

Најнови вести од: Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

To top