Македонија

Штекли има фирма за одгледување живина, со нов директор – кандидат за советник на ДУИ во Струга

Обвинет за трговија со дрога

Хадис Доко, 21-от по редослед на кандидатската листа за членови на Совет на Општина Струга од редовите на коалицијата предводена од ДУИ на претстојните локалните избори, од минатиот месец е директор на фирма на Раде Трајковски-Штекли, кому му се суди за организирана продажба на дрога, објави „Фактор“.

https://expres.mk/makedonija/sudot-go-otfrli-prigovorot-shtekli-sposoben-za-sudenje/

Доко од Струга од септември е управител на „РФ-Груп“, основана лани во јули од Раде Трајковски со дејност за „одгледување живина“, на местото на Бранислав Зајков од Битола, еден од обвинетите во случајот „Штекли“ кој во август беше дел од групата што поднесе предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

За членот на ДУИ во кампањата пишува дека е „млад професионалец со искуство во стратешки проекти за патна инфраструктура, кој работел како надзорник на изградбата на коридорите 8 и 10Д од страна на „Бехтел и Енка“.Наведено е дека е инженер за комуникации и транспорт и претставник на градот Струга.

Трајковски беше уапсен на почетокот на годинава во полициска акција по Наредба на Обвинителството за организиран криминал.Тој се сомничи за организирана трговија со дрога, а популарен во јавноста стана откако имаше неколку неуспешни обиди за негова егзекуција.

Обвинителството пред два дена започна со изведување на докази, откако Кривичниот суд на минатото рочиште донесе одлука дека Штекли е способен да го следи судскиот процес за делото кое му се става на товар заедно со останатите обвинети – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top