Македонија

Шумската полиција спречила уште еден обид за кражба на дрва

19 кубни метри бесправно исечени дрва се запленети на територијата на Управата за шуми Делчево, во координирана акција на МВР и шумарски инспектори, соопшти МВР

19 кубни метри бесправно исечени дрва се запленети на територијата на Управата за шуми Делчево, во координирана акција на МВР и шумарски инспектори, соопшти МВР.

„Полициски службеници од Управата за шумарство Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во соработка со шумарски инспектори од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумската полиција, на 14 и 15.04.2026 година на повеќе локации во Делчево и с. м3 борово дрво и 13,86 м3 дабово дрво.

Дрвата ги запленила Шумската полиција од Делчево и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни тужби по член 69 од Законот за шумите против правно лице, пилана во село Бигла, сопственост на В.С. (69) од село Лески, како и против Г.Г. (65) и М.Г. (69), двајцата од село Бигла“, се вели во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top