Македонија

„Сила ми даде да ги однесам македонското знаме и име на сите врвови“: Кедев за добиениот орден „8 Септември“

Одликуваниот кардиохирург и алпинист го смета освојувањето на 14. планински врвови над 8.000 м и за национален успех

Истакнатиот македонски кардиолог и алпинист Сашко Кедев на свечената церемонија на примањето на орденот „8 Септември“ од претседателката Гордана Силјановска-Давкова откри што го мотивирало да се искачи на 14. планински врвови над 8.000 метри.

„Тоа што ми даде сила беше токму тоа – да ги однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани на Македонија и на сите Македонци каде и да се во светот“, рече Кедев.

Тој изрази длабока благодарност за државното одликување, посветувајќи им го на сите колеги со кои пред повеќе од 30 години ја формираа Интервентната кардиохирургија.

„Суштината во животот е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел“, објасни Кедев.

 

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top