Македонија

Сиљановска-Давкова: 8 август 2001 година беше и остана тегобен ден за сите нас

Претседателката потсетува дека сторителите на масакрот кај Карпалак не се соочија со правото и правдата

8 август 2001 беше и остана црн македонски ден за Горан Миноски, Дарко Вељаноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Пеце Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски и Марко Деспотоски, кои загинаа кај Карпалак, не затоа што сакаа да војуваат, туку зашто беа патриоти и татковината им беше поважна од животот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 25 години од масакрот кај Карпалак.

,,8 август 2001 година беше и остана тегобен ден за преживеаните, роднините на жртвите, за ранетите, за прилепчани, но и за сите нас.

25 години потоа, овој сончев, а сепак тмурен ден ме потсети на неодамнешната средба со неколкумина живи соборци и сведоци на Карпалачката трагедија, кои ги споделија со мене тешките, незаборавни спомени, што станаа и мои, но и ми укажаа на различната примена на законските гаранции во поглед на финансиската и медицинската поддршка, како и на потребата од поголема грижа за нивните деца”, напиша Сиљановска-Давкова.

Таа вели дека не можеме да ги вратиме десетмината херои, но можеме да им се оддолжиме на нивните најблиски и најдраги, овозможувајќи им достоинствен живот, каков што заслужуваат и каков што им посакуваа погинатите.

,,Мора да се запрашаме: дали сторителите се соочија со правото и правдата, дали соодветно го санкциониравме насилството, дали навистина и конечно се збогувавме со употребата на сила, или сѐ уште ја охрабруваме, толерирајќи ја?

Денеска нашите мисли и срца се со Вас, пожртвувани бранители, но очекувам да сториме повеќе!

Вечна Ви слава!”, порача претседателката на тегобниот ден.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top